Соопштение за јавност
На граѓанската трибина која вечерва се одржа во општината Аеродром, носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров објасни зошто тој и коалицијата „Можеме“ се единствената добра опција на овие избори:
„Во СДСМ и целата коалиција ја гледам единствената надеж оваа држава да оди напред. Направивме големи чекори напред, мора ова да го зацврстиме и мора конечно Европа да си ја донесеме дома. И тоа покажавме дека можеме и тоа ќе го направиме.
Ние бараме нов мандат за да покажеме дека ќе не’ биде. Дека македонскиот народ и деловите од сите други наши сограѓани, албанскиот народ, српскиот, турскиот, бошњачкиот, ромскиот, влашкиот. Ние не сме ништо подолу од било кој друг народ околу нас, во Европа или во светот.
Сега во овие следни 4 години е нашата златна шанса. Конечно да направиме сериозен исчекор да нема веќе враќање. Да ја ставиме нацијата на шини, да нема да може ни лево ни десно ни назад. За да на следната генерација да им дадеме старт каков што заслужуваат.
Малодушноста не прави држава.
Ќе нè биде.“