Соопштение за јавност
Доволно е да им погледнете еден настап на ВМРО ДПМНЕ и да погледнете дека се се промени во државава, ама тие исти останаа, тие и понатаму мислат дека тие се над законот, за нив не важат законите. Едниот кандидат не им се појавува на суд, еден е недостапен за правда, претседателот на партијата не доаѓаа во полиција за да се оправда зошто само тој ги кршеше сите правила во ек на најголема Светска пандемија и тој не чувстува обврска ниту пред граѓаните да објасни зошто се што важи за вас, не важи за него.
Истото ВМРО ДПМНЕ мисли дека МВР е МВРО, истото ВМРО ДПМНЕ повторно бега од дуели, бега од соочување, не одговара на ненарачани прашања. Затоа на 15 Јули ние немаме право на грешка, меѓутоа на 15 Јули исто така мора да го извлечеме максимумот за да дадеме шанса на една нова политика која ќе ги решава сите останати проблеми.