fbpx

Претседателот Заев со честитка за Курбан Бајрам: Овој празник кој ја слави добрината, нека нѐ води кон подобра и посветла заедничка иднина,

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот Зоран Заев во свое лично име и во име на СДСМ упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

„Почитувани граѓани, на сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан Бајрам, со срдечни желби денот да го минат во добро расположение со своите најблиски и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Овој празник е празник преку кој се шири добрината, и е потсетник дека токму солидарноста, еднаквоста, меѓусебното помаѓање и почитување се вредностите околу кои сите треба да бидеме обединети.

Само на овој начин, ако вистински се почитуваме и помагаме, ако бидеме солидарни едни кон други, ќе успееме да изградиме еднакво и праведно општество на почитувани и задоволни индивидуи.

Нека вредностите и духовноста што овој празник ги носи со себе нѐ водат на патот на подобра и посветла иднина за сите“ стои меѓудругото во честитката на претседателот Заев.

Последни вести