fbpx

Повик за учество на летен камп на СДММ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија, и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, и оваа година традиционално, по дванаестти пат ќе организира летен камп за млади социјалдемократи, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 август 2020 година, во Охрид.

Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 90 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи.

Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од државата.

Сите заинтересирани за пријавување на летниот семинар потребно е:

– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 28 години;
– да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период;
– ДА НЕ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ПРЕТХОДНИ ЛЕТНИ КАМПОВИ организирани од СДММ и Прогрес Институт за социјална демократија;
– да испратат CV и партиска биографија.

Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот е-mail: 2020letenkamp@gmail.com, најдоцна до 06 август (четврток), 2020 година.

Напомена: Учесниците кои што ќе бидат избрани да бидат дел од летниот камп 2020 задолжително е да ги почитуваат сите дадени препораки за превенција и заштита од КоронаВирус – Ковид-19, односно задолжително носење на заштитна опрема (заштитна маска) како и задолжително држење на потребното растојание.

За организацијата на Летниот камп 2020 се почитуваат сите предвидени препораки од страна на Министерството за Здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Последни вести