Соопштение за јавност
По повод 18 август, Денот на Армијата, претседателот Зоран Заев испрати честитка до припадниците на Армијата и до сите граѓани. Во честитката се наведува:
„На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија.
Она што пред 77 години, во 1943 година со формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ беше пркос, храброст и визија за сопствена држава и Армија, денес е реалност.
Денес, нашата Армија е рамноправен дел од најсилниот воено безбедносен сојуз, а нашите војници, рамо до рамо со 29-те армии кои се дел од НАТО Алијансата.
Со членството во НАТО, денес се обезбедени нашата стабилност и безбедност, нашиот територијален интегритет, а нашите граници се трајно се осигурани. Денес, припадниците на нашата Армија се гаранти и на регионалниот и светскиот мир и стабилност,
На сите припадници на Армијата им упатувам искрена благодарност за храброста, посветеноста, професионалноста и несебичниот ангажман кои го даваат во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава и сите нејзини граѓани.
Нека е честит 18 август – Денот на Армијата.“ стои во честитката на претседателот Заев.