Соопштение за јавност
Со ребалансот на Буџетот за 2020 што е во собраниска процедура, Владата предводена од СДСМ обезбедува 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки за справување со економските последици од коронакризата.
Преку овој пакет мерки, 70 милиони евра ќе се искористат за спас на 83.000 работни места, односно ќе се субвенционираат вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември, а поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста и ќе се движи од 14.500 до 21.776 денари месечно.
Со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.
Тоа се речиси 100 милиони евра кои ќе завршат кај над 360.000 наши сограѓани.
Покрај ова уште дваесеттина мерки содржани во четвртиот пакет, обезбедуваат силна поддршка за компаниите, обезбедуваат поволни кредити, грантови, но и даночни олеснувања за помош на секторите кои се најмногу погодени.
Од почетокот на кризата, Владата, надлежните институции покажуваат вистинска грижа за граѓаните и деловните субјекти кои се најмногу погодени. Тоа продолжува и со овој ребаланс, со овој пакет економски мерки.
Во период кога целиот свет се соочува со економска криза, важна е навремената и ефикасна помош во справување со последиците. Со ребалансот на буџетот се обезбедува континуирана поддршка за домашната, македонска економија.
Заради потребата од брза, ефикасна помош на граѓаните и стопанството, сите пратеници треба да покажат одговорност и гласаат за измените и дополнувањата на Буџетот за 2020.