fbpx

Мрачниот некрофил Мицкоски се обидува да профитира од жртвите на коронавирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Сопштение за јавност

Во овој сериозен период од пандемијата со коронавирусот, кога е неопходна голема одговорност од сите граѓани, доследно почитување на мерките за заштита за намалување на притисокот врз здравството, Христијан Мицкоски со својата морбидна некрофилна политика останува најголема закана за здравјето на граѓаните и подмолно се обидува да профитира од смртта на жртвите на коронавирусот!

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ цело време го поткопуваат здравствениот систем, ја попречуваат борбата против вирусот, ги прекршуват мерките и водат мрачна, некрофилна кампањата.

Мицкоски се подбиваше со заболените од коронавирусот кога ги кршеше мерките и одеше во ресторан или во теретана, кога органзираше настани на кои не се носат маски и не се држи дистанца.

Мицкоски не мислеше на последиците кога Вело Марковски зборуваше дека вирусот не е опасен, ниту денеска кога овој член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од ракав дели терапии и кажува како не треба да се лекуваат заболените од коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, не се откажаа од платите во Собрание, од паушалите во Советите на општините, не донираа ниту една маска, средство за дезинфекција.

Напротив, го допреа дното со неконструкитвно однесување, опструкции и критики.

Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за здравјето, додека Мицкоски се радува на починати.

Последни вести