fbpx

Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за зголемување на загадувањето, а денес оваа партија дејствува опасно по јавното здравје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјава на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Криминалните и погубни политики за време на 11 годишното владеење ВМРО-ДПМНЕ го поттикнаа проблемот со загадувањето на воздухот.

11 години сечење дрвја, уништувања паркови, непланско градење, криминалниот проект Скопје 2014, лажниот барок и скапо платените палми кои замрзнаа со првиот студ – тоа е придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за чистиот воздух.

И додека како власт поттикнуваа загадување, денес како опозиција ВМРО-ДПМНЕ работат против здравјето на граѓаните и се става на страната на коронвирусот. И на власт и во опозиција оваа партија работи спротивно на интересите на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ, локалните власи и сите инстутуции работат на спроведување краткорочни и долгорочни мерки што имаат за цел да го намалат аерозагадувањето.

Се инвестира во замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини и интензивно се работи на гасификацијата.

Обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на инвертори, кај домаќинствата, кои се греат на дрва да преминат на овој еколошки начин на загревање.

Градот Скопје ги заменува скапите кинеските автобуси загадувачи со еко автобуси, од кои дел се веќе во сообраќај.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога проблемот со загаувањето беше игнориран, а зеленилото се уништуваше за бизнис интереси денес СДСМ системски спроведува мерки кои имаат за цел да обезбедат почист воздух и поздрава животна средина.

Последни вести