fbpx

Од почетокот на пандемијата Мицкоски е опасен по јавното здравје, жртвите од коронавирусот ги сведува на статистика и ги злоупотребува во дневно партиски цели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Од почетокот на пандемијата Христијан Мицкоски е опасен по јавното здравје и секоја прилика ја користи за поткопување на здравствениот систем.

Кај Мицкоски нема ниту грам сочувство за лицата заболени од коронавирусот, за семејствата на починатите од Ковид 19. Напротив, мрачниот некрофил Мицкоски ја злоупотребува нивната несреќа, организира морбидни перформанси на кои се сити на несреќата на починатите и нивните семејства.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно одмагаат наместо да помогнат во справувањето со пандемијата. Наместо на страната на јавното здравје, тие се на страната на вирусот. Заради таквиот нечесен и неодговорен однос Мицкоски уште долго ќе остане во опозиција.

Последни вести