fbpx

Предлог-Буџетот за 2021 година обезбедува средства за нови градинки, поддршка за нови работни места и продолжување на социјалната реформа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ со предлог-Буџетот за 2021 година, кој е во собраниска процедура го проектира буџетот на Министерството за труд и социјална политика на 53,1 милијарда денари.

Дел од овие средства ќе се искористат за полесно надминување на негативните последици од коронакризата, но и за реализација на капитални инвестиции и објекти.

Во време на сериозна криза, се обезбедуваат значителни средства за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, во износ од 538 милиони денари, со што ќе се поддржи отворањето на нови работни места.

Во делот за социјални надоместоци во Буџетот за наредната година предвидени се 10,5 милијарди денари. Со овие средства ќе се опфатат околу 300.000 корисници.

Обезбедени се средства за зголемување на бројот на домаќинства приматели на гарантиран минимален приход за дополнителни 5.000 домаќинства, со што вкупната бројка на домаќинства опфатени со оваа мерка ќе биде 36.500.

Следната година предвидено е да заврши изградбата на 14 градинки, а во постапка е подготовка на Програмата за отпочнување на изградба на нови објекти за згрижување на деца и во руралните средини, односно во средини каде досега немало градинки.

Продолжува обезбедувањето на сигурни и одржливи пензии за сегашните и идните пензионери, како мерката за субвенционирање на придонеси на платите, која околу 120 илјади вработени во приватниот сектор ќе добиваат повисока плата.

Предлог – Буџетот за 2021 година не само што обезбедува навремена помош и поддршка за сите погодени од коронакризата, туку влијае на подобрување на животниот стандард и намалување на невработеноста.

Затоа е важно тој да биде усвоен од страна на сите пратеници во Собранието, за грижата за граѓаните да продолжи уште повеќе и уште подобро.

Последни вести