fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со години ги кочеше реформите за да ги спаси партиските кадри, на АВМУ и Програмскиот совет на НРТ им требаат професионалци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Мнозинството во Собранието предводено од СДСМ има обврска да овозможи избор на раководства на НРТ и АВМУ од редот на експертите и стручната фела.

Ова се реформи кои ги чека целата јавност, се клучни за соодветна професионализација на овие важни тела а кои со години беа неразумно блокирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ до сега блокираше со барања нивни партиски претставници да седат во управните одбори на овие тела. Тоа нема да им помине, за тоа нека си го бараат Никола Груевски.

Јагнула Куновска, Косана Мазнева која е дел од кабинетот на Христијан Мицкоски, Смилка Јанеска-Саркањац сопруга на Бранислав Саркањац еден од идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ се само дел од партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во Програмскиот совет на НРТ. Ете затоа ВМРО-ДПМНЕ со години ги кочеше реформите во ова тело.

Блокадите, кочењата на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, реформите во медиумите реформите во македонското општество мора да продолжат уште позасилено.

Последни вести