Соопштение за јавност
Драган Ковачки продолжува да користи безбедносни прашања за исполнување на свои лични цели.
Сето она што му го пружила Армијата, го фрла под нозе само да си ја задоволи страста за лична одмазда.
Ја погази честа на униформата, ја отфрли својата професија само за да служи на интересите на партијата која 11 години не направи ништо за Армијата, партијата која цели 11 години го опструираше членството во НАТО.
Го прашуваме лицето Драган Ковачки: Колку чини офицерската чест на скалата на неговите лични и професионални вредности?
Го повикуваме полковникот Драган Ковачки да одлучи и да и соопшти на јавноста: Дали ќе биде војник на Армијата или ќе биде војник на партијата?
Го прашуваме лицето Драган Ковачки како се чувствува кога се враќа меѓу своите колеги офицери после секој настап во Белата палата во кој ја дискредитира Армијата и нејзиното главно достигнување – членството во НАТО?