Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ по 11 години владеење, остави хаос во образованието и го доведе на дното на сите ранг листи, според домашните и меѓународни истражувања.
Токму затоа нужно е неопходна реформа на образованието, создавање на современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред и ќе го враќа достоинството на наставниот кадар.
Ова е најтранспрентната реформа во образованието досега, во која се консултираат сите засегнати страни и се разгледуваат сите ставови и мислења за еднаш засекогаш образованието, од кое зависи иднината на државата, да се постави на здрави темели.
ВМРО-ДПМНЕ имаше доволно време да направи нешто добро за образованието, за младите генерации, а наместо тоа носеше политики преку ноќ на штета на наставниците, учениците и образовниот систем.
А знаејќи колку им се политиките штетни и несоодветни, ВМРО-ДПМНЕ плаќаше професори и организираше контрапротести на кои се бранеа нивните погубни политики.
ВМРО -ДПМНЕ непотребно шират дезинформации за реформата во образованието и ги плашат учениците, наставниците и граѓаните.