fbpx

ВМРО-ДПМНЕ шири некрофилска политика и воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Каква заклетва дал Игор Николов Хипокритова или Хипократова? Лицемерот нефорлог кој толку е загрижен за здравјето на граѓаните, троши време на партиски пресови додека негови 22 ца колеги на Клиниката за нефрологија се ковид позитивни и во изолација.

Со денови нефрологот Николов беседи и повторува едно те исто за да му удоволи на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, а не кажува апсолутно ништо. Вокабуларот на докторот говори за него, а непознавањето на глобалните прилики со вакцинацијата кога излегува од уста на здравствен работник, лекар е застрашувачко. Етиката, моралот и одговорноста што треба да ја има кон пацинетите за Николов не е над партијата, битно му е да биде потапкан по рамо од Мицкоски.

Најверојатно само за Николов важи правилото на Груевски од Будимпешта дека – 100 пати кажана лага станува вистина. Некрофилската политика на ДПМНЕ оди во крајности, со лаги и манипулации па и по цена на здравјето на граѓаните.

Владата и министерот Филипче обезбедуваат вакцини по три механизми, целта е вакцинацијата да има еден континуитет и да не прекине. Николов во слободно време бидејќи очигледно е дека го има на претек нека прочита повеќе стручна литература како оди вакцинацијата во регионот и во светот и каков е притисокот врз прозиводителите на вакцини. Докторот да не се грижи дали ќе биде вакциниранн, имунизацијата во државата ќе почне во февруари

Последни вести