fbpx

На локалните избори Мицкоски го чека нов, седми пораз од граѓаните, ако претходно не избега како што избега од изборите во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјава на Христијан Мицкоски

На претстојните локални избори Христијан Мицкоски го чека само голем, нов, седми пораз од граѓаните, во општините низ целата држава.

Секако, под услов ако претходно не избега и не ги бојкотира изборите, како што тоа го направи на предвремените локални избори за градоначалник на општина Штип.

Лажни вести, деструкции и неодговорно антидржавно однесување, тоа е се што нуди ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Мицкоски.

Бројните предмети, кривични пријави што се водат против дузина поранешни градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за „резултатите“ што зад себе ги имаат оставено.

Граѓаните, нема да дозволат да се врати времето на режим на локално ниво, граѓаните се уверени дека напредок е возможен со одговорни, домаќински и чесни политики.

Затоа на локалните избори повторно ќе изберат напредокот со СДСМ да продолжи и по седми пат ќе ги поразат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Последни вести