fbpx

Потпретседателот Петров на регионална конференција: Социјалдемократите во регионот треба заеднички да се борат против национализмот и против лажните вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Коста Петров денеска учествуваше на онлајн регионалната конференција „Заеднички социјалдемократски одговор на предизвиците во регионот“, посветена на предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан на патот кон евроинтеграциите, помирувањето и соработката во регионот, во рамките на проектот „Креирање регионални јавни политики на Западен Балкан“.

За справување со предизвиците во регионот, треба да ги споделиме научените лекции, СДСМ во изминатиот период и покрај драстичните политички одлуки, кои носеа огромен ризик, но ни помогнаа да влеземе во НАТО и да се приближиме со ЕУ, покажа дека инвестирањето во човечкиот капитал, зголемувањето на платите, инвестициите во здравството, инфраструктурата, дава резултати, истакна Петров.

Тој додаде дека СДСМ победува затоа што инвестира во човечкиот капитал, ја зголеми минималната плата од 9 на 14.500, за над 60%, платите пораснаа во сите сектори, особено во образованието и здравството, тоа е видливо и тоа луѓето го чувствуваат.

Од друга страна многу е важно што претседателот на партијата има јасна визија и не се откажа од таа визија, истакна Петров, додавајќи дека многу е лесно да се откажеш, да речеш не ни треба НАТО, ни ЕУ ајде да останеме на власт, но ние ја следевме визијата и социјалдемократските политики ни дозволија да имаме уште еден мандат, за уште повеќе да покажеме што можеме да направиме.

Тој нагласи дека социјалдемократите во регионот треба заеднички да се борат против национализмот, кој не ни дозволува да одиме напред, но и да имаат стратегија против лажните вести, кои многу брзо продираат во јавноста и наместо да се промовираат успешни политики и мерки, времето се троши на деманти.

Ние имаме поинаков начин на водење на политика, ние сме луѓе од граѓаните и се грижиме за граѓаните и во нас наместо прототип на балкански политичар, препознаваат политичари со емпатија, рече Петров, додавајќи дека луѓето забележуваат кога нешто е реално, а кога лажно.

На регионалната конференција во рамките на проектот „Креирање регионални јавни политики на Западен Балкан“ кој партнерски се имплементира од Прогрес Институт, Центарот за модерни вештини од Србија, Форумот за леви иницијативи од БиХ и Социјалдемократската Партија од Црна Гора со поддршка од Вестминстер Фондацијата од Велика Британија, се обратија и потпретседателот на српската Демократската странка Драгослав Шумарац, генералниот секретар на СДП на Босна и Херцеговина Ирфан Ченгиќ и почeсниот претседател на СДП на Црна Гора Ранко Кривокапиќ, како и како и претставници на НВО.

Последни вести