fbpx

Со еколошката такса ќе се обезбедат над 55 милиони евра за инвестиции во екологијата, опозицијата да се откаже од блокадите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Прашање: Во Собрание влезен е законот за зелената такса по скратена постапка, но се уште не е распределен по комисии, на седница ќе треба да се утврди потребата од негово донесување, но опозицијата, значи и ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива најавуваат дека ќе го блокираат овој закон, велат дека не е всушност еколошка мерка туку за враќање на долгови кои што биле направени во времето на СДСМ. Што вие како владејачка гарнитура ќе направите? Ова е најава за нова блокада

Одговор: Добро, навистина и мене, но и граѓаните би не изненадило ако ВМРО-ДПМНЕ нешто не блокира во рамки на Собрание така што сите сме свесни, можеме да го видиме законот е во собраниска процедура, станува збор за еколошка такса преку која што државата ќе прибере речиси 60 милиони евра кои што ќе бидат инвестирани во еколошки инвестиции, во поздрава животна средина и навистина не гледам зошто би имале тука против ВМРО-ДПМНЕ.

Но, како што кажав, тие ги блокираа шесте економски пакети на мерки наменети за Ковид кризата, за граѓаните поддршката, го блокираат и бојкотираат законот за изградба на нов Клинички центар, блокираат и низа други закони преку кои што граѓаните би добиле некаков бенефит. Така што, не ме зачудува воопшто најавата за блокади на едно такво решение, нека продолжат слободно ВМРО-ДПМНЕ да блокираат и да бојкотираат. Единствено нешто кое што може да го порачам е баш таквиот бојкот и блокади држи и ќе ги држи уште долго време ВМРО-ДПМНЕ затворени и изолирани во белата палата.

Прашање: Но, ако има илјадници амандмани законот нема да може да се донесе, што ќе направите?

Одговор: Секако, останува да видиме, согласно процедурите, согласно Деловникот да се отвори Законот во рамки на комисијата, не е проблем ние да разговараме, ќе повторам и ќе потврдам уште еднаш дека станува збор за закон преку кој што државата ќе земе 60 милиони евра наменети за инвестиции во екологијата, во животната средина. Тоа е бенефит за државата, тоа е бенефит за граѓаните. Ќе повикам уште еднаш на разум кај ВМРО-ДПМНЕ, јас сакам да верувам навистина дека во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои што размислуваат барем малку за граѓаните и за државата и ќе сторам се за да ги охрабрам таквите поединци во ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на овој закон.

 

Последни вести