fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со лаги и блокади работи против здравјето на граѓаните и животната средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо ВМРО-ДПМНЕ со лаги и конструкции да си бара алиби за своите блокади и опструкции, треба да им објасни на граѓаните зошто кочи закони за екологија и чист воздух, зошто е против еколошката такса, наменета за инвестиции во поздрава животна средина.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш против интересот на граѓаните, сака, како во нивно време, државата да биде рекордер во загадување во Европа.

Токму затоа со месеци блокираат закони со кои ќе се подобри амбиенталниот воздух, ќе има поголеми казни за загадувачите.

Од декември лани во Собранието се доставени Законот за квалитет на амбиентен воздух, Законот за животна средина, Законот за заштита на природата, Законот за водите, Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, Законот за планински патеки, Законот за заштита од бучава и Законот за генетски модифицирани организми. Исто така, направени се измени и во Законот за прекршоци со кои се предвидува до 20 пати поголеми казни за загадувачите.

Овие законски решенија носат големи придобивки за граѓаните и за заштитата на животната средина, а сите се блокирани од опозицијата.

Лажни се и обинвувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека еколошката такса е кризен данок. Со неа ќе се приберат околу 60 милиони евра, наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места, со што ќе се придонесе за економски раст и за почиста животна средина.

Но лагите, блокадите и деструктивноста не се ништо ново за ВМРО-ДПМНЕ.

Среде најжестоката пандемија блокираа поставување на модуларни болници, сега блокираат изградба на нов Клинички центар. Се противеа на зголемување на платите и пензиите, не сакаат трајно вработување за 4.700 наставници.

Потонати во очај во Белата палата, кочат и блокираат, работат против здравјето на граѓаните и животната средина.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, затоа граѓаните и на следните избори ќе им испорачаат пораз.

Последни вести