Соопштение за јавност
Генералниот секретар Љупчо Николовски денеска се обрати на затворањето на 14иот летен камп на СДММ кој од оваа година го носи името „Трајче Нешкоски“ каде зборуваше за актуелното функционирање на партијата ипретстојните локални избори.
„Во 2016 ја отворивме партијата за сите и за младите и за жените и за луѓе надвор од партиската база и тоа донесе резултат, оттогаш редиме победи на сите избори. Во 2019 , и 2020 покажавме дека не чекаме кампања за да бидеме со граѓаните, туку тоа го правиме постојано, го правиме и сега и преку она што прва го почна СДММ со трибините „Млади Локално Заедно“ за што ви честитам и преку сегашните трибини „Најдобротот за нашата општина“ но и преку маалските и урбани средби на кои секојдневно учествуваат наши функциониери“ порача Николовски додавајќи дека од другата страна ВМРО-ДПМНЕ ги нема никаде, дека се сами и изолирани во белиот дворец.
Осврнувајќи се на локалните избори, генералниот секретар Николовски истакна дека СДСМ повторно ќе ја има најдобрата програмска и кадровска понуда и дека очекува силна посветеност од социјалдемократската младина, како и и на сите изборни циклуси досега.
„Со сите политики што ги спроведовме, со над 7.000 реализирани проекти во општините, со најголемиот коалициски капацитет, ние сме убедливи фаворити на изборите. Ја имаме поддршката од сите етнички заедници затоа што го негуваме концептот едно општество за сите, затоа сме единствена партија која има свои општински организации во со 80 општини низ државата, затоа СДММ отвора нови локални клубови каде што немало досега. Но, сепак, таа победа треба да ја изработиме за да биде заслужена и немам дилема дека СДММ пак ќе има важна улога на овие избори“ порача Николовски.
Генералниот секретар Николовски им порача на младите дека тие ќе имаат загарантирани добитни места на листите за советници и што е можно повеќе млади кандидатки и кандидати за градоначалници.
„Го имате мојот збор како генерален секретар и шеф на Централниот изборен штаб, го имате зборот од раковдоството, дека Локалните клубови ќе имаат важна улога во креирањето на листите за советници, дека сигурно ќе имаат добитни места на советнички листи. Истовремено, ќе се заложам за што повеќе млади каднидати и кандидатки за градоначалници, затоа што младите се тие кои носат промени, носат нова енергија и тоа е еден од клучевите за успесите и победите“ заклучи Николовски на затворањето на 14-иот Летен Камп „Трајче Нешкоски“ во организација на СДММ.