fbpx

Николовски на трибината во Охрид: Ја правиме најголемата коалиција за овие избори, фаворити сме затоа што ја имаме најдобрата понуда за секоја општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На овие избори СДСМ ја прави најголемата, најразнолика, најмодерна коалиција која што се надоврзува на она што го направивме во 2020 преку коалицијата „Можеме“ порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Охрид.

– Ќе продолжиме со средбите, со контактите со граѓаните, во следните 20 дена ќе ја посетиме секоја куќа, ќе разговараме со секој граѓанин, ќе ги прашаме за нивните приоритети, за она што треба да влезе во нашата програма во нашата кадровска понуда, посочи Николовски.

Генералниот секретар истакна дека големиот интерес и број на поднесени кандидатури за градоначалници и советници говори дека СДСМ е фаворит на овие избори, а тоа се потврдува и со анкетите на јавното мислење

– Наскоро завршува рокот за кандидатурите, досега имаме над 560 кандидати за градоначалници и над 5.000 кандидати за советници. СДСМ е отворена демократска партија која дава шанса за секој. Објавивме оглас за кандидат за градоначалник каде нема услов да бидете член на СДСМ, оглас на кои побаравме од секој кандидат да достави и програма каде е разработена визијата за развој на општината. На 13 јули ќе ги објавиме првите 20 кандидати за градоначалници кои ќе победат во сите 20 општини за кои се кандидирани. Во текот на летото, во фази, ќе ги објавиме останатите кандидати за сите општини. Анкетите покажуваат силна доверба на граѓаните во нашите политики, во нашите програми и кандидати, затоа внимателно ги селектираме сите оние кандидати кои ќе аплицираат, ќе правиме истражувања и ќе го прашаме и членството. А во меѓувреме СДСМ ќе продолжи да биде меѓу граѓаните, да ги следи нивните приоритети и заедно да ги правиме програмите“ заклучи Николовски.

Последни вести