fbpx

Форумот на пензионери на СДСМ започна со работа, прва конституитивна седница на Извршниот одбор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Форумот на пензионери на СДСМ денеска во Скопје ја одржа првата конститутивна седница на својот Извршен одбор, составен од 15 членови.

На седницата, за заменик претседателка на Форумот на пензионери на СДСМ беше избрана Цветанка Лазарова од ГО Скопје, а за секретар Верица Јанкова од ОО Струмица.

Едногласно беше донесена одлука за започнување на постапка за избор на претседатели на форумите на пензионери во ОО на СДСМ, со самокандидирање.

Форумот на пензионери има клучна улога во креирање и подобрување на политиките согласно барањата и потребите на нашите повозрасни граѓани, истакна претседателот на Форумот на пензионери на СДСМ Бранирод Михајлоски, најавувајќи формирање на општински форуми на пензионерите пред локалните избори.

Успешна работа на новата организациска единица на СДСМ, формирана со последните статутарни измени донесени на дигиталниот Конгрес на партијата и посака и организациониот секретар на СДСМ Мартин Попов.

Тој го поздрави екипирањето на Форумот на пензионери и истакна дека искуството на повозрасните членови на СДСМ е добредојдено за градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани.

Последни вести