fbpx

Лукаревска на трибина во Крушево: Го живееме сонот на нашите претци, македонскиот јазик и идентитет се меѓународни потврдени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска го живееме сонот на нашите претци, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, денеска живееме во почитувана, демократска држава, држава во која на пиедестал се човековите права, порача вечерва заменик претседателката Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Крушево.

– Да живееме слободно тоа значи да застанеме на патот на неправдите, на поделбите, на дискиминацијата. Ние тоа умешно го покажавме преку нашиот концепт „Едно општество за сите“. Тоа е нашиот приоритет и тоа општество е нашата иднина. Концептот едно општество за сите не значи само еднаквост по основ на верска и национална припадност. Во тоа општество фер шанса ќе има секој граѓанин, фер шанса за еднакво образование, за успешни економски процеси, фер шанса во здравството, фер шанса при вработување, едноставно еднаквост во сите сфери на општественото живеење, порача Лукаревска.

Лукаревска истакна дека покрај успесите на домашен план, Владата предводена од СДСМ успеа да ја реализира и стратешката цел – членство во НАТО.

– Станавме 30 земја членка на НАТО, денес со нашите сојузници и пријатели седиме на иста маса како Македонци кои зборуваат македонски јазик, како Македонци кои зборуваат македонски јазик, ќе влеземе и во ЕУ. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност се цврсто потврдени, заклучи заменик претседателката Лукаревска.

Последни вести