fbpx

„Млади локално заедно“ со младите од Крива Паланка, Ранковце и Кратово: СДСМ и СДММ ја креираат најдобрата понуда за младите во секоја општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение на СДММ

Караванот „Млади локално заедно“ денешното попладне го поминав со младите од Крива Паланка, Ранковце и Кратово.

Уште еднаш пред младите и од овие локални клубови СДММ ги презентираше своите планови и замисли за периодот кој следува. Средбата беше искористена и за разговор меѓу младите и размена на размислувањата. Претседателот Марко Михаилоски ги поздрави присутните и им порача дека секој еден млад човек го има правото да се одважи и да го искаже своето мислење, да ги сподели своите идеи и со тоа да даде директен допринос во составувањето на кампањата за локалните избори 2021.

Законот за младинско учество е одлична шанса за поголема вклученост на младите во локалните самоуправи; субвенционирањето на студентскиот оброк со по 2400 денари месечна исплата на секој редовен студент за храна и скоро 100% покачување на студентските стипендии се мерки за кои ние како СДММ се изборивме.

Затоа сега е винстинското време да продолжиме со иницијативите и посветената работа. Сега, кога безрезервно ја имаме поддршката од СДСМ треба да го дадеме својот максимум и да го оствариме планот за подобро општество, продолжи Михаилоски.

СДСМ е најголемата државотворна партија која постојано се менува. Со последните промени на својот Статут обезбеди 33% учество на млади луѓе во своите структури, а за претстојните локални избори ќе настапи со кандидати кои ќе произлезат од редовите на СДММ. Партијата секојдневно се залага и работи на подобрување на условите за живот на младите во Северна Македонија.

Последни вести