Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ очигледно е дека се откажа од трката за градончалник на Град Скопје, знаејќи дека ќе загуби па затоа очајно штанца лажни вести.
Последна таква е тврдењето од белиот дворец за наводно рушење на дел од објектите во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Како што јавно информираше Град Скопје се работи за регулациски план, донесен одамна, со кој се предвидува пробивање на сервисна уличка за потребите на околните постоечки објекти, сервисна уличка, а не булевар како што манипулираат од ВМРО-ДПМНЕ и истата може, но и не мора да биде изградена во иднина.
Класична лажна вест е тврдењето на опозициската партија дека во овој дел од градот ќе се градат згради. Бетонските џунгли беа обележје на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски.
Граѓаните прават разлика помеѓу одговорното управување со Градот од страна на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа во октомври повторно ќе ги казнат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.