fbpx

И во Скопје и низ цела држава Мицкоски го очекува пораз на локалните избори, тој е осамен во својот простотилак и деструктивно однесување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници.

Очигледно е дека Мицкоски има проблем да најде кандидати за градоначалници, затоа што знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори.

Класичен блеф е ставот на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз не само во Скопје туку и низ целата држава.

Истовремено, лажна е грижата на Мицкоски за јавното здравје, кога тој прв ги прекршуваше мерките и поддржува протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници.

Сето тоа се докази за неодговорното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи, затоа му следува уште еден пораз.

И на претстојните локални избори граѓаните ќе го победат ретроградниот концепт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачат нов пораз седми по ред.

Последни вести