fbpx

Спасовски: Да се насочиме за акција за поубаво, европско Куманово, онакво какво веќе сме го проектирале во нашите глави, со конкретна програма и проекти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Потпреседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на промоцијата на кандидатот за градоначалник и листата за советници на Куманово истакна дека заеднички со граѓаните треба да одлучиме каде сакаме да се движиме во наредните четири години, во каков град сакаме да живееме и какво Куманово ќе им оставиме на идните поколенија.

„Дали ќе се насочиме кон акција за поубаво, европско Куманово, онакво какво што веќе сме си го проектирале и во нашите глави, а и во конкретна програма со цели и активности според желбите и потребите на нашите кумановци, какво што секојдневно го надградуваме во нашите секојдневни разговори, маалски средби и седенки, Куманово кое ќе биде современ одраз на оној еснафски град што го создавале нашите предци и биле горди на него, а кое сакаме да им го оставиме во аманет на нашите деца и внуци за да имаат и тие со што да се гордеат. Или, пак, кон празни зборови, опустошена држава, осиромашени граѓани и институции затворени за јавноста, опасни центри на моќ, поделби, застрашувања, закани, суспендирана правда, меѓународна изолација, погазена демократија, назадување на чекор до бездна….“ потенцираше потпреседателот и министер Спасовски.

Тој истакна дека еднаш веќе кренавме глас во борба за слобода и правда и демократија и заеднички успеавме да го отстраниме режимот од крвотокот на државата за да и овозможиме да расте и да се развива и со нов концепт на враќање на парите кон граѓаните, на постојана борба со режимските наследници, со одлучност кон воспоставување на правната држава и едно општество за сите како што му доликува на градот на револуцијата.

„Среќа е што знам дека моите кумановци не забораваат. Ни добро, а уште помалку лошо! Не ја зборавиле историјата на своето родно место, ни дека соседот ти е поблизок од брат без разлика на верата и националноста, што претставува основа за развој на еден ваков вистински мултиетнички центар како што е Куманово. Моите кумановци паметат и кога страдале и стравувале, кога биле во заложништво или жртви на инстант популистички мерки кои носат инстант политички поени, но и ќор сокак за идните генерации. Но, не заборавиле ни кога се радувале и се развивале, кога тргнале напред, економски, политички, демократски, на секое можно поле. Моите кумановци прават огромна разлика меѓу барокни градби од гипс картон и сериозни инфраструктурни проекти. Знаат дека животот се состои од правење избори, а најчесто избирале да бидат одговорни, вредни и чесни домаќини, работници и градители на својот град, визионери со став, кои со знаење и умешност знаат да го извлечат максимумот.“, потенцираше Спасовски.

&

Последни вести