fbpx

Мицкоски може да понуди единствено 14.835 блокади и лажни вести на штета на граѓаните, затоа пак ќе губи на избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски вчера потроши повеќе време за неосновано да го напаѓа СДСМ и претседателот Зоран Заев, отколку да им понуди на охриѓани и граѓаните на државата, реални издржани мерки и проекти.

Сето тоа кажува колку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат понуда на овие избори и дека ќе ја користат секоја прилика преку лажни вести и конструкции да бараат алиби за поразот што им следува на изборите.

Не проекти, Мицкоски може да понуди единствени 14.835 блокади и лажни вести со кои ќе им нанесува штета на граѓаните и државата. Тоа го правеше во сите изминати години, а и се уште го прави.

Таквиот однос кон сопствената држава, кон сопствениот народ му е рецепт за уште еден нов, седми пораз по ред на изборите.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира ќе губи од граѓаните, а во меѓувреме СДСМ ќе продолжи да го носи најдоброто за секоја општина, за секое населено место, најдоброто за државата.

Последни вести