fbpx

Претседателот Заев од Гевгелија: Со Поцков развојот на Гевгелија е загарантирана и во наредните четири години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Јас знам дека Гевгелија знае што е ,,Најдоброто“, Сашко Поцков е „Најдоброто“ за Гевгелија, мотото на вашата општина е: ,,Гевгелија, модерна, европска и зелена општина”. Ова мото е остварена заложба на Сашко Поцков, од првиот до последниот збор“.

Ова во рамките на Караванот „Најдоброто за мојата општина“ на СДСМ и на Коалицијата вечерва во Гевгелија го порача претседателот на СДСМ Зоран Заев и ги повика гевгеличани на 17 октомври да му дадат на Поцков нов мандат и шанса да ги продолжи проектите за граѓаните на Гевгелија.

Тој нагласи дека Сашко Поцков умешно ја менаџира општината во полза на граѓаните, економист со тапија и магистер по економски науки, политички поткован со советничко, пратеничко и градоначалничко искуство, а кога кон тоа ќе се додадат и неговите дела, тогаш вториот мандат потполно го заслужува.

„Сашко е актуелен градоначалник на Гевгелија, вие мошне добро знаете дека името Гевгелија во превод значи ,,град на сенките”. Но знаете и дека Поцков ниту барал, ниту ќе да бара место под сенка, туку ќе се фати во костец со предизвиците на модерното време и ќе го донесе „Најдоброто“, истакна Заев.

Тој додаде дека Поцков има многу реализирани проекти, но доволно е да се споменат трите капитални остварувања, со што ќе стане јасно дека тој го сака, го умее и го прави „Најдоброто“ за Гевгелија.

„Со новиот водовод се кажа збогум на проблемот со арсенот во водата, изградена е една од најголемите и најмодерните прочистителни станици во земјава, изградена е локалната депонија, а реализирани се и регионален пат Негорци – Гевгелија, регионалниот пат Фурка – Богданци – Гевгелија, регионалниот пат Смоквица-Прдејци, автопатската делница Смоквица – Удово и врска со регионалниот пат Брајковци – Балинци-Марвинци, направена е реконструкција на локален – до регионален пат Струмица – Дојран, до клучката кај Валандово – Гевгелија, ревитализиран е патот меѓу селата Богородица и Стојаково, до крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци“, наведе Заев.

„Ако кон ова ја додадеме хуманоста на дело, во поглед на бегалската криза, новата опрема во болницата тогаш слободно може да се каже дека вие гевгеличани сте среќни луѓе, бидете уверени, дека со Сашко Поцков и како иден градоначалник и со 19-темина советници, на чело со Миле Атанасов како носител на кандидатската листа на советници на коалицијата „Најдоброто на нашата општина“ – среќата ви е загарантирана и во наредните четири години, а и по нив“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Последни вести