fbpx

Заев од Гевгелија: Од проектите зависи квалитетот на животот, старата депонија во Гевгелија станува зелена површина до крајот на годината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Изминатите 4 години во Гевгелија се работеше вредно и напорно и со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва во Гевгелија.

Тој најави дека Општина Гевгелија ќе го реши долгогодишниот проблем со недостиг на простор за сместување на деца во градинка, и ќе започне со доизградбата на нови простории во рамките на постојната детска градинка „Сончогледи“ , со капацитет за згрижување на 100 – 120 деца.

„Ќе се продолжи со вложувањата во водоводните и канализациските мрежи, а ќе се почне и со процес на селекција и рециклажа на отпад, со што ќе се намали количеството на одложениот отпад и ќе бидат целосно исчистени дивите депонии во градот“, најави Заев.

„До крајот на годината, ќе биде затворена Старата депонија, која ќе прерасне во зелена површина, а ќе бидат создадени и услови да профункционира новата времена депонија, каде што ќе биде фрлан само отпад со органско потекло, а другиот дел од отпадот ќе биде опфатен со процесот на рециклирање“, истакна Заев, додавајќи дека вредноста на проектот изнесува 300 илјади евра.

Тој најави дека генералното решавање на отпадот ќе биде со регионална депонија, која покрива 48 општини, сместена во неготинскиот регион, најмодерна депонија, центар за рециклирање со инцелератор, во вредност од 327 милиони евра.

„Сега заклучете кој вложува во сегашноста и ја обезбедува иднината – а кој го руши сработеното и враќа во минатото. СДСМ инвестира во сегашноста и создава иднина и така ќе продолжи напред“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во Гевгелија на промоцијата на кандидатот за градоначалник Сашко Поцков и на советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

Последни вести