fbpx

Заев од Гевгелија: Стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно, Мицкоски сонува и зборува само за минатото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Мицкоски постојано зборува за минатото, сака да си се вратат во минатото – тоа е за него новата иднина, таква иднина само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сонуваат, затоа што мислат дека така ќе се спасат од одговорноста за направените криминали и така ќе продолжат да крадат“, порача вечерва од Гевгелија претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Заев порача дека денеска на дело гледаме правна држава, дека судството одлучува независно и од тоа нема отстапување.

„Стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно! Не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина. И тие, петтоцифрените бројки со коишто се расфрлаат – за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се проекти – пари се, за во нивните џебови, за провизии, тајни набавки и криминали. Само тоа ги интересира – власт и моќ. Никогаш повеќе да не се повтори режим. Додека не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја добие довербата од граѓаните на кои било избори“ посочи Заев додавајќи дека во меѓувреме, СДСМ го продолжува развојот на домашен план со проекти на домашен план, во општините и натамошно интегрирање на државата на меѓународен план.

Последни вести