Соопштение за јавност
Гази Баба е позитивниот пример за работењето на СДСМ и на локално и на централно ниво. Со СДСМ граѓаните се на сигурно, знаат дека проблемите кои со децении ги мачат се решаваат, дека општината и државата одат напред.
Борче го знам многу добро и знам колку се бори и колку притиска во Владата за добивање на средства за секој проект, на секој повик кој е распишан. Така се бори човек кој и го посакува најдоброто на својата општина.
И затоа решаваме децениските проблеми кој ги има оваа општина. Се реконструираше патот Јурумлери –Долно Лисиче-Драчево, патот Хиподром – Илинден во првата фаза. Изградивме нов локален пат од Страчинци до Виниче, нов локален пат од школото во Булачани до викенд населбата, а во првата фаза се реконструираше и патот Раштак – Бутел.
Изградивме ново училиште „Вера Јоциќ“ и нова спортска сала во истото училиште, а следува и изградбата на училишната зграда „Крсте Мисирков“ во Ченто за што Владата обезбеди средства.
Затоа на 17 октомври масовно ќе гласаме за СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Ќе победиме за „Најдоброто за мојата општина“. Гази Баба го заслужува „Најдоброто“.