Соопштение за јавност
„На претстојните локални избори ќе победиме по сите основи по кои се мери победата, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понудам порача“, претседателот Заев во интервју за ТВ Шења.
„Да, верувам дека ќе победиме. Верувам по сите основи на којшто ќе се мери победа. А тоа е вкупен број на гласови, вкупен број градоначалници, вкупен број советнички места во државата вклучително и Град Скопје. Тоа се според мене критериумите за победа. Јас верувам дека ќе ги исполниме сите овие четири основи за да прогласиме победа. Нормално, на крајот одлуката е на граѓаните. Тоа е само мое чувство ама го темелам на основа на политичкото искуство кое го имам, на основа на анкетите и истражувањата којшто ги очекувам. Сите анкети, вклучително и тие што ги прави ВМРО–ДПМНЕ во нивниот штаб, покажуваат преку 10% поголема разлика во полза на СДСМ во очекувањето на тоа кој ќе победи на изборите.
Има и такви прашања, водиме на анкетите пред изборите, имаме подобри кандидати од нив затоа што навистина сериозно правевме истражување да имаме најдобро можни кандидати. Затоа одиме со „Најдоброто“. Работиме на програмата повеќе од 9 месеци. Секоја општина е специфична со сите детали внатре, прва графа – големи проекти и редовните надлежности на општините, но како човек којшто бил градоначалник ретко кога имало вака содржинска детална понуда за конкретни проекти на локално ниво.“ посочи претседателот Зоран Заев во гостувањето во ТВ Шења.