Соопштение за јавност
Заедно со кандидатот за градоначалник, Сашо Стојановски, ја презентиравме програмата и решенијата кои ги предлагаме за подобрување на квалитетот на живот и олеснување на функционирањето на граѓаните на Сопиште.
Соработката помеѓу централната и локалната власт е клуч за подобрување на состојбите.
На жителите на Сопиште им нудиме кандидат кој ги знае нивните проблеми и спремни сме заедно да ги решаваме.
СДСМ е постојано на терен, меѓу жителите, бидејќи тие се наш приоритет.
Граѓаните на Сопиште ги препознаваат нашите заложби и ќе гласаат за „најдоброто за својата општина“.