Соопштение за јавност
“Слушаме од Белата палата дека нашите политички опоненти ќе се бореле да ги задржат младите, заборавија ли дека токму тие дозволија до 2016 од земјата да се иселат 630 илјади граѓани. Принципот на Социјалдемократскиот сојуз Едно општество за сите значи граѓанинот да биде секогаш на пиедестал, ги слушаме граѓаните, градиме дијалог со младите, создаваме можности младите да развиваат сопствени бизниси, овде, дома и затоа сите ние треба да ја направиме разликата, на 17 октомври, овде во Неготино ќе имаме реприза на резултатот од претходните избори, победа во првиот круг”, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска.
“Нуделе промени, за нив промените се барок, стиропор, галии, сеење страв. Промените започнаа со Социјалдемократскиот сојуз, нашите резултати се реални, вложуваме во луѓето, ги зголемивме платите во сите сектори, ја намаливме невработеноста на рекордно ниско ниво.
Тони Делков е човек од збор, успешен градоначалник, домакин, знае да ги сослуша граѓаните, таков е и носителот на советничката листа Лазар Најдов Чолак. Со Најдоброто ќе продолжиме да ја градиме нашата успешна приказна дома и надвор, ние воспоставивме стандард како се сака сопствената држава”.