fbpx

Заев: Со децентрализацијата следуваат нови надлежности и повеќе пари за општините, на 17 октомври да го избереме Најдоброто за Радовиш!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Радовиш денес е многу подобро поврзан со Скопје, со главниот град, патот Штип – Радовиш е пуштен во употреба, догодина се гради и обиколницата на Штип, вака никој пат не се градело, во целиот Исток инвестиравме во крупни инфраструктурни проекти, порача вечерва од Радовиш претседателот Зоран Заев.

„Од Штип кон Крупиште и Кочани, има ист ваков експресен пат, од Крупиште кон Пробиштип нов регионален пат, целосно нова инфраструктура имаме кон Делчево, Виница, Берово, Пехчево и Македонска Каменица. Гасификацијата се одвива со одлично темпо, наредна година ќе го затвориме примарниот прстен, инвестиција вредна 150 милиони евра. Ги поддржавме сите капитални проекти, затоа што има пари државата. И Радовиш беше задолжена општина но ја одглавивме“ порача Заев.

Претседателот Заев најави дека од следната година следува поголема финансиска и институционална децентрализација за поголеми ингеренции на општините и повеќе пари во нивните Буџети.

„Досега три отсто од персоналниот данок оди во општините, од идната година ќе биде шест отсто, двојно повеќе, дотациите од ДДВ од 4,5 отсто се зголемуваат на 6 отсто. Тоа се стотици милиони денари повеќе само за Радовиш. Милијарди денари ќе ослободиме кон општините, откажувајќи се од централниот Буџет, затоа што ни се важни општините. При тоа, одиме и со институционална децентрализација. Надлежностите за шумските стопанства, за водостопанствата, здравствените домови, центрите за социјална грижа, домовите на култура, им припаѓаат на општините, порача Заев додавајќе дека сериозна работа е кому ќе му се доверат општините и повика граѓаните на 17 октомври да гласаат за број 12.

Заев посочи дека СДСМ во Радовиш има само еден кандидат а тоа е Коле Чаракчиев кој заедно со советничката листа на СДСМ и Коалицијата се гарант за развојот на Радовиш.

„Затоа на 17 октомври да гласаме за број 12 за Коле Чаракчиев, да гласаме за број 12 за советничката листа на СДСМ предводена од Аница Бораниева Атанасова, на 17 октомври да го избереме Најдоброто“ повика Заев.

Последни вести