fbpx

Заев: Најдоброто е можно само ако продолжиме напред а не назад, ја развиваме и државата и општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Четири години ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот и расте животниот стандард, општините, државата, заедно ги поставивме во вистинскиот правец, конечно тргнавме напред, одиме напред и нема дилема, „Најдоброто“ е можно единствено напред“, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Сите знаат каде бевме пред четири години а каде сме сега. За само четири години ја покачивме минималната плата од 9.000 на 15.200 денари, со интенција да ја покачиме на 18.000 што е 100-процентно покачување на минималната плата. Постигнавме просечна плата од 28.744 денари – сите плати се покачени за најмалку 100 евра. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, минималната плата 300 евра. Ги зголемивме пензиите за по 2.000 денари во просек изминатите 4 години и од 2022 година, секој 1 јануари и 1 јули сериозно ќе растат пензиите. Социјалната помош ја зголемивме не за 3 отсто, не за 30 отсто, туку 300 отсто, ги обесштетивме стечајците и воведовме државна социјална пензија. Ја намаливме младинската невработеност од 42 процента, колку што ја затекнавме, на 29 проценти.

Вкупната невработеност ја намаливме на 15,9 отсто. 500 милиони евра инвестиравме во локални проекти. Така се сака државата. Така се градат општини и држава за сите луѓе. Не со поделби, не со лажни вести и со блокади, туку со проекти, со инвестиции, со влог во нашите сограѓани“, порача Заев.

Претседателот Заев ги повика граѓаните да дадат поддршка за да продолжат успесите на централно и локално ниво.

„Успесите што ги постигаме не се случајни, тие се резултат на силната заложба но и на вашата поддршка. Таа ваша поддршка ја очекуваме и на 17 октомври, за да ни потврдите дека го имаме „Најдоброто“ за Кочани. Затоа почитувани пријатели, на 17 октомври излезете масовно и заедно, сплотено и одлучно заокружете го бројот 12, тоа е победничкиот број кој гарантира напредок. На 17 октомври гласаме за Николчо Илијев гласаме за советничката листа на СДСМ, гласаме за 12 – за Најдоброто за Кочани“, повика Заев.

Последни вести