fbpx

Заев: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе губат и во Кочани и во број на градоначалници и во број на гласови, не сака народот да се враќа назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Христијан Мицкоски покрај тоа што не нуди ништо, сака политички да профитира од несреќите и да собере некој ситен политички поен“, порача вечерва од Кочани претседателот Зоран Заев.

„Уште не беше пристигнал во Кочани, побрза на Фејсбук да напише дека е во Кочани и се борел против пожарите. А како се бореше? Исто како што се „бореше“ против коронавирусот. Со сликања од мобилниот телефон, со пишувања објави на Фејсбук, со ширења лажни вести, додека сите водеа беспоштедна битка против огнот. А во меѓувреме, блокираа се во Собранието. И шестиот пакет економски мерки и покачувањето на платите и пензиите, сега блокираат Клинички центар, трајно вработување на 4.700 наставници, блокираат отпис на камати за долгови, блокираат недела не работен ден. Тоа ли Македонија за сите луѓе? Не, тоа што го нудат е Македонија за сите луѓе на режимот и на Груевски.
Македонија заробена, поделена, осиромашена и задолжена.“ порача Заев.

Претседателот Заев истакна дека граѓаните знаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат само враќање назад, но тоа нема да им го дозволат, затоа што на 17 октомври пак ќе ги поразат и ќе го изберат „Најдоброто за својата општина“.

„Еве од тука од Кочани, јас да му кажам една вистина на Мицкоски, а тоа е – ќе изгубиш и во Кочани и во цела држава. Ќе изгубиш затоа што народот не сака назад, не сака да се враќа во режим, народот не сака повторно да молчи. Народот сака напред, сака слобода и демократија и проекти на локално ниво, повисоки плати и пензии. Затоа ќе изгубиш и по број на градоначалници и по број на советници и по вкупно гласови и ќе изгубиш и во Град Скопје“, порача Заев.

Последни вести