fbpx

Голем интерес на компаниите за антикризните мерки, значително е зголемен и повратот на ДДВ за компаниите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Помош за што поголем број граѓани, зачувување на што повеќе работни места, поддршка за компаниите, се целите на Владата предводена од СДСМ, во време на кризата предзвикана од пандемијата со коронавирусот.

Компаниите покажуваат голем интерес за антикризните мерки и за само неколку дена за финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен, преку системот за е-даноци на УЈП аплицирале 5.350 компании.

Владата предводена од СДСМ му помага на македонското стопанство и со бескаматните кредити од линиите „Ковид 1“ и „Ковид 2“ на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, наменети за сите микро, мали и средни претпријатија погодени од кризата.

Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија на евтини кредити во износ од 51 милион евра.

Одржувањето на ликвидноста на стопанството е клучно и затоа брзиот поврат на ДДВ е една од редовните активности кои се преземаат воуслови на најголемата здравствено-економска криза во светот.

Од почетокот на годината заклучно со април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра. Тоа е за 16,7% повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23% повеќе во однос на истиот месец лани.

Во однос на 2018 година повратот на ДДВ за периодот јануари – април е зголемен за 19,4%, додека во однос на 2017 за високи 67,6% повеќе.

Мерките за поддршка на економијата даваат резултати, што го покажаа и проекциите на Светската Банка според кои Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата во однос на сите земји во регионот.

СДСМ посветено ќе продолжи со поддршка на компаниите, за зачувување на работните места, со што се поставуваат темелите за брзо интензивирање на економијата кога ќе заврши кризата.

Последни вести