fbpx

Будимир: Планираме инвестиции во младите таленти и силна поддршка за спортот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз досега докажа дека има решенија за подобар живот за сите. Андријана Будимир – Филиповска, носителката на листа за општина Центар од СДСМ и Коалицијата, од денешниот митинг во Капиштец порача дека СДСМ вети и со конкретни проекти изгради едно општество за сите. За разлика од црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со блокади и лажни вести СДСМ, рече Будимир нуди реални решенија за побрз развој и модерна општина, подобро образование, грижа за луѓето во социјален ризик, родова еднаквост, за зелен и чист Центар.

„Ние од СДСМ ги слушаме граѓаните и им служиме. Секогаш носиме храбри одлуки за реални развојни проекти. Центарската населба Пролет ќе добие нова европска детска градинка која ќе биде изградена според најсовремени стандарди и приспособена да ги задоволи сите потреби и здрав раст и развој на децата. Се грижиме и за лицата со попреченост, затоа обезбедуваме европски стандарди и соодветен пристап. Ќе се гордееме сите со многу зеленило и со инклузивно детско игралиште. И децата од Маџир маало ќе бидат згрижени и ќе им обезбедиме најдобри услови за престој во новата градинка во Маџир маало која ние ќе изградиме. Ќе ги прошириме и модернизираме училниците и ќе ги реконструираме училиштата, бидејќи ние не инвестираме во статуи и мермер, туку во конкретни проекти кој носат подобар живот“, изјави Будимир од Капиштец.

СДСМ се грижи и вложува во повозрасните. Тие се еден од клучните приоритети рече Будимир поради што општина Центар е прва која го воведе проектот „Нега за стари лица во домашни услови“. Овој проект како многу важен потенцираше Будимир од Капиштец, ќе продолжи да се реализира и надградува. Таа исто така истакна дека модерно општество е она кое поттикнува еднакво учество на жените и мажите во процесот на одлучување и креирање јавни политики и затоа ќе има рамноправно родово буџетирање и учеството на жените во носењето одлуки. Таа најави и дека новиот општински совет ќе инвестира во спортот и културата.

„Планираме инвестиции во младите таленти и поддршка на развојот на културата и на спортот. Во срцето на градот планираме изградба на нова спортска сала на местото на стариот и запуштен објект „Работнички“, веднаш по решавање на судскиот спор. Оваа сала ќе биде општински спортски центар, отворен за сите граѓани и спортски клубови, дом на спортот во Центар. Ветуваме и опремување на училишните спортски сали со соодветни реквизити и изградба на нови сали, опремување и одржување на отворените спортски игралишта и промоција на „уличен спорт“ како модел на рекреација на децата и на младите, финансиска поддршка на спортските клубови, стипендии за ученици спортисти“, рече Будимир.

На крај таа ја побара довербата на граѓаните за конечно реализирање на проектите.

„Отворени сме за вас, вашата помош ќе ни биде драгоцена и заедно на 17 октомври да гласаме за најдоброто. Само СДСМ и коалицијата работат за иднина, подобра и современа општина Центар. Гласајте за нас. Гласајте за број 12, за овие кандидати од најдобрата советничка листа, за Горан Герасимовски за градоначалник“, заврши Будимир.

Последни вести