fbpx

Шилегов: Најдоброто ќе победи во Центар и во Скопје, за европска метропола, за прв целосно дигитализиран град во регионот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ и Коалицијата Најдоброто во Центар и во Скопје ќе слави уште во првиот круг, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го уништи строгиот центар на градот со мегаломанскиот проект Скопје 2014 со кој на 1 км2 вложија 700 милиони евра во лажен барок, лажни споменици, стиропор и бронза, кои сега се распаѓаат, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, вечерва во обраќањето во општина Центар.

Тој нагласи дека победата е извесна, бидејќи програмата на госпоѓа Данела Арсовска, спонзорирана од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е бледа копија на отчетот на сработеното во Град Скопје во изминатите 4 години.

Нејзините проекти се веќе реализирани, велосипедизам, летни сцени, рампи за лица со попреченост, реконструкција на библиотека, смарт сити, се е или реализирано или започнато, порача Шилегов.

Тој го најави проектот Смарт сити, кој претставува историска промена во однос на директната комуникација со граѓаните и воведување на непосредна граѓанска демократија.

Со проектот Смарт сити, Скопје станува прв град во државата каде граѓаните директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари, со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери, сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот, а преку апликацијата „Мое Скопје“ на својот мобилен телефон, скопјани ќе може самите да ги креираат политиките градот, истакна Шилегов.

Линк до фликр: https://flic.kr/s/aHsmWTtmNW

Последни вести