fbpx

ВМРО-ДПМНЕ почна со барање алиби за поразот, поткупот и уцените се нивен заштитен знак, изборите ќе бидат фер, слободни и демократски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

Како што ќе наближува изборниот ден така ќе се засилуваат објавувањата на конструкции и измислици од белиот дворец, во обид да најдат алиби за убедливиот пораз што ги очекува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 17 октомври.

Откако СДСМ ја предводи владата и институциите сите изборни процеси се фер, демократски, слободни и тоа е оценето и од ОБСЕ/ОДИХР и од сите домашни и меѓународни релевантни организации.

Поткупот, уцените, заканите, гласачи од Пустец, исклучување на лифтови, обид за кражба на доверлив изборен материјал беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Така ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше избори за што можеше целата јавност да чуе и преку објавените разговори и тоа граѓаните не го забораваат.

Затоа, на фер и демократски избори, на 17 октомври по седми пат ќе ја поразат деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе им порачаат дека нема да се вратат назад во мрачното минато, туку продолжуваат напред со СДСМ и Најдоброто.

Последни вести