fbpx

Исполнет сонот на борците од НОБ за самостојна и слободна држава и нивниот стремеж за заедништво

Facebook
Twitter
LinkedIn

Храбрите борци на НОБ, кои пред 80 години се кренаа на востание против окупаторот се најзаслужните што денес ние, со кренати глави го чуваме аманетот и живееме во слободна и самостојна држава.

На овој 11 Октомври, на кои се одбележуваат точно 80 години од почетокот на Народното востание и зачетокот на македонската држава, Северна Македонија стои гордо исправена, рамо до рамо со нашите сојузници во НАТО, со сигурен национален идентитет и признат македонски јазик. Со тоа е остварен сонот на нашите државотворци кои граделе земја на сите – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други. Денес Северна Македонија продолжува да гради општество отворено за еднакви можности, општество за правда, одговорност и еднаквост – Еднакво општество за сите.

„Македонскиот народ никогаш не окупирал и не земал туѓо. Нашите големци и дејци од минатото ги паметиме по големите космополитски идеји кои ги надминуваат границите на националното. Нашата борба секогаш била само да се биде свој на своето и да се подава рака, да се трага по заедништво. Стремеж за држава на сите и за сите, пријател со сите“ кажа премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на прославата на 11 Октомври.

Премиерот Заев прими и плакета од борците на НОВ од Србија, за неговиот значаен придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба, којашто му ја врачи претседателот на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, Видосав Ковачевиќ.

Последни вести