fbpx

Заев за Канал 5: Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зголеми, сите сакаат да бидат на страната на успехот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во разговор за Канал 5 телевизија истакна дека парламентарното мнозинство може да се промени, но да порасне заради самата поставеност, заради националистичка реторика што ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и АА, со која и луѓе што се внатре не се согласуваат.

„Живееме во втората деценија од 21 век, сите треба да бидат еднакви граѓани и тоа е важно, а граѓаните не сакаат повторно кавги со соседите, со остатокот од светот, сакаат интеграциите да продолжат зашто носат економија, носат повисок економски стандард, кој веќе е видлив насекаде“, рече Заев, додавајќи дека веќе има најава за зголемување на мнозинството, има пратеници кои веќе ја даваат поддршката.

„После локалните избори ќе има период од 2,5 години во кој ќе нема избори каде ќе може да се одработи навистина јуначки за сите што сакаат да одработат, дали советници, градоначалници, пратеници, министри, премиерот сите заедно можат да одработат и да се приклучат на прогресивниот дел на државата“, порача Заев.

Тој истакна дека сите големи крупни одлуки на државата се донесоа заради подигање на економскиот стандард на нашиот народ и пратениците и граѓаните сакаат да бидат на страната на успехот на страната што води напред.

„Во овој случај ја имаат понудата токму кај нас во делот на „Најдоброто“ и во делот на програмата и на кандидатите, и верувам дека таквата определба што се потврдува во шест изборни циклуси ќе се потврди и на овие избори“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев за Канал 5.

Последни вести