fbpx

Заев за Канал 5: До крајот на годината ќе има над 800 милиони евра нови инвестиции во здрава животна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска за Канал 5 истакна дека германската инвестиција во ветерниот парк и проекти слични на неа се потврда дека сме на вистинскиот пат.

„Порано не можеше да се случат инвестиции од пола милијарда евра, затоа што немаше НАТО, немаше безбедност, сигурност, немаше реформи, го немаше видливиот прав пат по кој чекориме напред, а тоа е интегративниот пат со унапредување на економскиот стандард на граѓаните“, нагласи Заев.

Тој додаде дека инвестиција од пола милијарда евра, во 69 ветерници, од по 6 мегавати, 415 мегавати на потегот Куманово-Крива Паланка е навистина џиновски проект.

„Придобивките се прво живот и здравје, создавање нов капацитет со кој се супституира јагленот, дали е во Битола или Осломеј, тоа значи здравје за граѓаните, за децата, за младите, тоа не обврска по ЕУ или некој друг, тоа е наша обврска на сегашните генерации спрема иднините генерации.

Втора важна работа е што со ова расте БДП, бидејќи 415 мегаватна ветерница носи големо производство на електрична енергија, која ќе ја супституира потребата од увозот на струја, бидејќи државата сега увезува 30-32%.

И носат одлични комуналии во општините, тоа се огромни пари, чисти пари на општините за да решаваат водоводи, канализации, улици, патишта и слично и на крајот се зелените работни места, тие не се трудоинтензивни, но тие луѓе што работат таму земаат плати над 800, над 1.200 евра и тоа се насекаде во светот квалитетни, зелени, еколошки работни места, добро платени работни места. Верувам дека многу наши млади ќе ја најдат својата иднина токму тука“, истакна Заев.

Тој нагласи дека ова е само почеток.

„Ние очекуваме до 1.600 мегавати фотонапонски централи и преку 700-800 мегавати ветерници во државата да се реализираат во целиот овој период, тие што се договорени веќе ги објавуваме, до крајот на годината следуваат, верувам, некаде повеќе од 800 милиони евра нови инвестиции во здрава животна средина“, најави претседат

Последни вести