fbpx

Заев од Куманово: Реалноста е тешка за Мицкоски, по седмиот пораз ќе мора да го напушти раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски вели дека реалноста била тешка, тешка е реалноста на Мицкоски и тој самиот си признава, нагласи претседателот на СДСМ Зоран Заев на изборниот караван „Најдоборото за мојата општина“ во Куманово.

Заев додаде дека реалноста на Мицкоски е многу тешка, тој губи шест пати по ред досега на избори и после овој седми пораз што ќе им се случи на Мицкоски и на групата околу него – тие ќе мора да си заминат од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, тоа ќе биде добро и здраво и за ВМРО-ДПМНЕ, да се реформираат, а ќе биде посебно добро за државата. На државата ѝ треба конструктивна проевропска опозиција којашто ќе биде коректив на власта, но ќе ги поддржува сите клучни стратешки прашања за граѓаните, а не да блокираат економска помош на граѓаните во време на пандемија, изградба на клинички центар во време на пандемија, сакаат да ги ништат договорите со Грција и со Бугарија, со што земјата ќе ја втурнат повторно во изолација, а луѓето во тешка сиромаштија“, нагласи Заев

Со реалноста има проблем само Мицкоски. Реалноста е добра. Секој ден е сѐ подобро и за луѓето и за државата и за општините, а за да биде иднината светла – нема враќање во мрачното минато. Во недела избираме 12 и одиме со најдоброто, напред, повика претседателот на СДСМ Зоран Заев на изборниот караван „Најдоборото за мојата општина“ во Куманово.

Последни вести