fbpx

Заев од Куманово: Направете споредба и одлучете, гласајте за број 12 за најдобрите кандидати за градоначалници и листи за советници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ова е моментот за одлука, изберете го најдоброто за вас, за вашата општина, за нашата татковина, во недела, вие одлучувате, да не дозволиме блокадите на централно да се прелеат и на локално ниво, повика вечерва од Куманово претседателот на СДСМ Зоран Заев на завршниот настан на караванот „Најдоброто за мојата општина“.

„Ние не се поколебавме во ниту еден момент. Работевме посветено и во Владата, и во општините. Сите проекти беа во движење и имаме реализација каква што немало во цела претходна деценија. Сега е момент да не се поколебате и вие, и да не дозволите државата да се врати во неизвесност. Сега веќе знаеме на што сме. Со нас е јасно на што сте! Пред да настапи молкот и да дојде изборниот ден размислете и направете споредба:

Кој инвестира во сегашноста и иднината?? – СДСМ и коалицијата.

Кој блокира? ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА.

Кој обезбеди членство во НАТО и успешен попис? – СДСМ и коалицијата.

Кој блокира? ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА.

Кој обезбеди членство во НАТО и успешен попис? – СДСМ и коалицијата.

Кој беше против договорот од Преспа и против НАТО и кој сакаше да блокира попис? – Левица И ВМРО-ДПМНЕ

Гледате ли колку е лесно кога сите факти се на ваша страна? Затоа во недела пенкалото в рака, како што си знаеме – со него ја обновивме слободата, срушивме режим – со него ќе го обезбедиме и Најдоброто!

Дајте им ветар во грб на својата земја и на својата општина, за Најдоброто за вас и вашите деца. Да свртиме грб на деструктивните сили во земјата и да ги оставиме засекогаш во минатото и да продолжиме во иднината.

Почитувани граѓани, изберете го најдоброто за вас, за вашата општина, за нашата татковина. Гласајте во недела, гласајте за Најдоброто. Гласајте за 12 за Оливер Илиевски, за 12 за Атина Мургашанска, гласајте за Најдоброто, да продолжиме силно напред.“ порача Заев од Куманово.

Последни вести