Соопштение за јавност
Граѓаните нема да дозволат државата и Град Скопје да се враќаат назад, нивната порака ја примивме и постапуваме, дополнително имаме окрепнување на гласовите со потврда од сите партии кои се дел од владината коалиција и неспорно е дека мнозинството граѓани ќе одбере развојот на Град Скопје, истакна вечерва кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тоа значи, додаде Шилегов дека политиките на градската власт мора да биде во симбиоза со политиките и вредности на централната власт.
„Факт е дека Скопје е една третина од нашата држава, факт е дека во Скопје се најголемите економски активности и факт е дека во Скопје морате да имате симбиоза помеѓу Владата и градот. Невозможно е градот да оди во еден правец, а државата во друг правец. Во 27 годишното владеење на ВМРО –ДПМНЕ во Скопје пред моето доаѓање, последните 12 години имавме симбиоза помеѓу централната власт, Владата на ВМРО–ДПМНЕ и локалната власт, кога беше во тој мандат Коце Трајановски и ние видовме што добивме, добивме Скопје со барок, Скопје без визија. Сега зборуваме за едно сосема поинакво Скопје, Скопје кое што се поврзува, интензивно се гради, се обидува во еден мандат да надомести она што 27 години било пропуштено. Пораките кои што би ги испраќал градот под водства на Арсовска би биле пораки повторно на делба, на барок, на неразвивање на градот, затоа што Данела Арсовска е несомнено кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Пораките кои би ги испраќала централната власт се пораки на интегрирање, на заедништво и тие едни со други се во конфликт. Ние во Скопје напорно работевме во изминатите 4 години и јас со екипата, но и граѓаните.
Во овој мандат ние немавме конфликт меѓу средношколците што порано беше редовна појава. Сега како ние ќе креираме на државно ниво едно општество за сите кога овде ќе имате политичка структура која ги дели луѓето.“ посочи Шилегов.
Шилегов оцени дека граѓаните на 31 октомври ќе се обединат и ќе дадат поддршка на концептот кој води напред, кон развој на Град Скопје и напредок на целата држава