fbpx

Да се обединиме околу политиките што гарантираат напредок, економски раст, подобар животен стандард, да заокружиме број 12

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Овие локални избори се важни бидејќи од исходот ќе зависи развојот на општините. Од исходот ќе зависи дали парите од Буџетот ќе одат во општините и граѓаните или во споменици, бикови, палми и жални врби.

А, развојот на општините е можен само ако сите се обединиме околу политиките што гарантираат напредок, економски раст, како и грижата за подобар животен стандард на граѓаните.

Во изминатите четири години постигнавме сериозни успеси на полето на економијата, при тоа соочувајќи се со предизвиците од пандемијата на коронавирусот.

Како одговорна и државотворна партија со домаќинско работење ги зголемивме сите плати во просек за над 6.000 денари или за најмалку 100 евра. Невработеноста е на историски најниски 15.9 отсто, а за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош. Зголемени се субвенциите за земјоделците, преку проектот Мој ДДВ вративме 36 милиони евра кај над 400.000 граѓани за само две години. Обештетивме 13.000 стечајни работници и воведовме социјална државна пензија.

И не застануваме тука. Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната месечна нето-плата по вработен во август 2021 година, изнесува 28.642 денари. Тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Овој тренд на раст е директен резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ.

Посветено вложувавме и во развој на локалните самоуправи. Со 50 милиони евра ги раздолживме општините, а потоа вложивме 500 милиони евра во реализација на над 7.000 локални проекти.

Сето ова ја потврдува нашата намера да вложуваме во граѓаните, во општините, во сето она што е важно за да се подобри квалитетот на живот во секое населено место.

Затоа, ги повикуваме сите граѓани, да се обединиме и на 31 октомври да гласаме да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи помошта за ранливите категории, да продолжат да растат платите, а парите да се враќаат кај граѓаните.

Да гласаме за бројот 12 да продолжи развојот на општините.

Последни вести