Соопштение за јавност
Јавниот долг се намалил од 64,4% на 60,6 отсто што претставува сериозно охрабрување за граѓаните и стопанството, и ја покажува капациетноста на Владата предводена од СДСМ, во време на светска криза предизвикана од пандемијата, истакна вечерва во интервју претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју на Канал 5 телевизија.
Во однос на состојбата со енергетскиот сектор, тој порача дека граѓаните треба да бидат спокојни, да не стравуваат од поскапување на цената на струјата, ниту од можни рестрикции.
Ја гарантираме стабилноста на цената на струјата и правиме се што можеме да им излеземе во пресрет на граѓаните. За енергетските компании обезбедивме пакет вреден над три и пол милијарди денари или скоро 60 милиони евра. Мораме во оваа ситуација да ги помогнеме и правните субјекти, дали државни или приватни, исто како и на домаќинствата. Во време на економска криза и во време на пандемија нам ни растат економските перформанси, ја намалуваме невработеноста, јавниот долг падна за скоро 4 процентни поени, тоа е знак дека имаме убава иднина на државата, рече Заев.
Претседателот Заев порача дека во недела на локалните избори ќе победи прогресивноста, ќе победи најдоброто, демократијата и слободата, затоа што реверзибилните процеси не враќаат назад во мракот во молкот, назад во минатото, тоа никому не му е од корист
Народот излегува и гласа за 12 и ќе заокружиме дека владејачката коалиција има повеќе гласови од опозицијата, има повеќе советници од опозицијата и на крајот дека владејачката коалиција има повеќе градоначалници во бројка плус градот Скопје. Тоа е проектираната иднина во предвечерието на изборите, граѓаните ќе гласаат за прогрес и дома и надвор, бидејќи тоа го носи подобриот економски стандард за сите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за Канал 5.