fbpx

Заев на Канал 5: Прогресивните граѓани се мнозинство и тие ќе го трасираат европскиот пат во недела

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очекуваме пресврт во вториот круг на локалните избори и мобилизација на прогресивното демократско гласачко тело, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска во интервју за Канал 5 Телевизија.

Сега сме обединети, здружени, партиите од Коалицијата, но и албанските политички партии кои ни се во централната коалиција на парламентарно и владино ниво и очекуваме граѓаните да го дадат правецот да продолжиме да одиме напред во модерно Скопје, модерни општини, да не се враќаме назад кон барокот, кон она што беше типично за време на ВМРО-ДПМНЕ, порача Заев.

Тој нагласи дека СДСМ и Коалицијата очекува победа во вториот круг на парламентарните избори, бидејќи граѓаните гледаат дека СДСМ слуша се менува, се коригира.

Ние како политичари мораме постојано да учиме и да ги слушаме граѓаните. Ефикасноста на институциите е многу важна. Јас верувам дека сето ова поттикнува мобилизација. Прогресивниот дел на нашето граѓанство е доминантно и тоа ќе го трасира демократскиот, слободарскиот пат за иднината на државата, а не конзервативниот, националистички, тоа никому не ми е потребно смета Заев.

Во врска со кандидатката на опозицијата Данела Арсовска, Заев смета дека страшно и понижувачки да се подметне странски државјанин за градоначалник на Скопје во време кога е актуелен проблемот со Бугарија.

Немаме проблем со етничката припадност, горчината е во лагата, апсолутно е недозволиво да го излажете својот народ, народот ќе го каже своето, истакна Заев.

Претседателот на СДСМ најави зголемување на парламентарното мнозинство на владејачката коалиција за најмалку 4 пратеници.

Парламентарното мнозинство може да биде ново, но зголемено од постојното мнозинство и тоа се природни, реални работи кои што се случуваат денеска, лесно сфатливи за граѓаните, рече Заев, додавајќи дека коалицијата е од политичката структура на опозицијата која е за ЕУ и НАТО, за Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Охридскиот договор, законот за употреба на јазиците.

Тоа е иднината на државата, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е против трите договори и нивниот лидер не употребува Северна, уставното име на државата и веднаш имате клинч со Грција, и тогаш нема ни Е од ЕУ, ни Е од единството во државата, кое го имаме, порача Заев, додавајќи дека се разговара со Алтернатива, кои прво се понижени и потценети од својот партнер Алијанса, а, понижувањето кулминира со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, која ништо не испорачаа во таа коалиција, посочи Заев.

Последни вести